Одлуката на ЛДП е легитимна, но пораката го повредува коалицискиот настап, смета Заев

0
66

Чекорот на ЛДП е легитимен, но моментот за таквата објава не е соодветен, рече премиерот Заев во коментар по објавата на коалициската партија во власта, ЛДП, да функционира самостојно во Собранието. Заев рече дека владејачкото мнозинство е стабилно и оти таквата одлука на партијата била донесена од порано.

„Во околности кога опозицијата тврди дека може да формира мнозинство, а власта тврди дека тоа апсолутно не е возможно, ваквиот исчекор од страна на ЛДП апсолутно е испраќање на јасна порака којашто е повредување на коалицискиот или заедничкиот настап“, рече Заев.