Од коронавирус почина Мирослав Туѓман, синот на првиот хрватски претседател

0
82

Хрватскиот научник и политичар, долгогодишен пратеник и син на Фрањо Туѓман, Мирослав Туѓман, почина од коронавирус на 75-годишна возраст. Toj е познат како син на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман.

Мирослав Туѓман почина на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб, соопшти Кабинетот на претседателот на хрватскиот парламент.

Тој беше професор на Филозофскиот факултет во Загреб и член на хрватскиот парламент.

Во времето кога татко му беше хрватски претседател, тој ја водеше разузнавачката служба во два наврата, од 1993 до 1998 година и од 1999 до 2000 година.

Тој освои 4,1 проценти од гласовите на претседателските избори во 2009 година, а стана член на парламентот во 2011 година како кандидат на Хрватскиот демократски сојуз.

Роден е на 25 мај 1946 година во Белград, каде што тогаш Фрањо Туѓман служеше во Генералштабот на Југословенската армија. Во Белград живееше сè до 1961 година кога семејството Туѓман се пресели во Загреб.