Оставка на Спасовски и Буши, едно од можните сценарија по бегството на Мијалков?

0
55

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за денеска во 15:00 часот ја закажа својата прва прес конференција по исчезнувањето на екс-шефот на УБК, Сашо Мијалков, обвинет во случајот за нелегалното прислушување со кодно име „Таргет-Тврдина“.

Според неофицијални информации, на прес конференцијата своја оставка од функцијата би можело да поднесат првиот човек во МВР, Спасовски и неговиот заменик, Назим Буши.