Пандов: Вонредниот Конгрес ќе биде приватна забава на отпадници од ВМРО

0
57

Иницијативата за вонреден конгрес од поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ за смена на Христијан Мицкоси не е ниту правна ниту статутарна, така што иницијаторите ќе си прават приватна забава, оцени Александар Пандов од Патриотскиот институтот на ДПМНЕ.

-Колку што сум во тек, и самата партија веќе почнува со подготовка на конгрес, бидејќи редовниот е во ноември или декември. И има многу работа околу тоа да се организира конгрес. И сите структури на партијата, сите тела на партијата се сконцентрирани само кон една и единствена цел како да се разобличи до кај оваа штетна политика што ја води Зоран Заев и да се добијат предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори. За жал, постојат луѓе како оваа група кои не ги гледаат Зоран Заев и СДСМ како проблем, туку го гледаат Христијан Мицкоски, раководството и ВМРО-ДПМНЕ – рече Пандов на Канал 5.