Поделба меѓу средношколците , друга група бара средба со владата или бојкот

0
60

Испратено е барање до Министерството за образование за свикување состанок во рок од 8 дена. Ако не ни одговорат, тогаш најверојатно ќе следува бојкот, велат од Средношколски глас за „Слободен печат“, од каде и натаму не се согласуваат со постигнатиот договор за државна матура меѓу Владата и Средношколскиот сојуз.

Нашите барања се како и претходно, матурата да биде намалена на 2 предмети, односно тоа што го бараа Сојузот на средношколци, а не го исполнија – додаваат од Средношколски глас за „Слободен печат“.