Потпишан договорот за кинеските вакцини, доаѓаат месецов

0
50

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска го потпиша договорот за набавка на вакцини против ковид-19 од кинескиот производител „Синофарм“ со кој се обезбедуваат 200.000 дози вакцини што ќе пристигнат во текот на февруари, соопшти денеска Министерството за здравство (МЗ).

Според МЗ, точниот датум на пристигање и сите информации поврзани со испораката ќе биде утврден во следните денови, но планот за пристигнување и вакцинација веќе е готов

Поконкретните податоци од Договорот остануваат доверливи, бидејќи, како што соопшти Министерството за здравство, се почитувала одредбата од договорот за тајност, а во согласност со глобална политика на сите компании за производство на вакцини, вклучувајќи ја и „Синофарм“.