Пратеничката Фаница Николоска, оствари средба со полскиот амбасадор, Н.Е. Војциех Тицињски.

0
75

 

Претседателката на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, Фаница Николоска, денес оствари средба со полскиот амбасадор, Н.Е. Војциех Тицињски.

 

На оваа средба беа отворени и договорени повеќе суштински прашања кога станува збор за меѓусебната соработка и поддршка помеѓу Република Северна Македонија и Република Полска.

 

Досегашната ангажираност и пријателство од страна на Република Полска, кон нашата земја, на интегративен план, како и помош во реформските процеси на клучните институции во државата, продолжува и понатаму.

 

На средбата беа разменети мислења и во однос на моменталната ситуација во земјата, предизвиците и справувањето со Ковид-19 пандемијата, вакцинацијата. Беше разговарано за реализирање на различни проекти, како и помош во дигитализацијата.

 

Покрај политичката билатерална соработка, главен акцент беше ставен и на економската како и соработката во областа на туризмот.

 

Средбата ја затвори претседателката на Групата, Фаница Николоска, со заложба за интензивна, пред се`, парламентарна соработка меѓу двете земји, но и во други области кои беа разговарани на самата средба, за која согласен е и амбасадорот Тицињски.