Првиот човек на ИВЗ и Ангелов со заедничка осуда на скандирањето „УЧК-УЧК” и „Голема Албанија”

0
62

Денеска, во рамки на општествените активности на Центарот за управување со кризи, в.д.директорот на ЦУК Сојанче Ангелов, заедно со заменик директорот Екрем Зендели, оствари продуктивна и позитивна средба со првиот човек – Претседателот на Исламската Верска Заедница Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, во Скопје.

Притоа, искажуваќи големо признание на Реисот за неговиот авторитет и позитивно влијание кај сите граѓани, Ангелов изрази задоволство од воспоставената директна комуникација и големото заедничко разбирање и настојувања за продуктивна и мирна иднина на државата што е во корелација и со целокупниот Државен врв, нагласуваќи неколку важни работи коишто, како и што се согласија тројцата соговорници, се во полза на сите граѓани и како активности не треба да сопрат:

– Продолжување на процесот на помирување меѓу дел од Македонците и дел од Албанците во Македонија,

– Искоренување на меѓуетничкото насилство кај младите, за во секојдневието на улица, да не наседнуваат на меѓуетничките повици на омраза коишто се зло за сите граѓани во државата,

– Заедничкото осудување на радикаизмот и национализмот, како на пример, неодамнешното скандирање „УЧК-УЧК” и „Голема Албанија” на каков било митинг, протест или настан, бидејќи тоа директно го дефокусира вниманието од целта на настан, протестирање и ја подгрева меѓуетничката нетрпериливост и омраза, а секако и

– Работење постојано на процена на ризиците по безбедноста што се и дел од работата на ЦУК, во соработка со сите релевантни чинители во општеството и во Системот за управување со кризи.

На средбата, во седиштето на Ријасетот на ИВЗ на РМ, Претседателот на ИВЗ, Реисул Улема Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи го изрази своето задоволство од добрата соработка што ја имале со сите официјални претставници на државата, а сега и со Центарот за управѕување со кризи. Тој посочи дека секој радикализам е штетен и за верата и за државата и дека треба со зеднички напори да се настојува за мир и соживот, а особено да се реализираат и активности во правец да не се дава легитимитет на радикални групации. Едноставно, тој посочи дека: „Добриот човек е добар човек, без разлика на неговата вера и нација”.