Претепан син на српски политичар во Косово, сторителите се уапсени (ВИДЕО)

0
82

Осумнаесетгодишниот син на српскиот политичар од Косово, Ненад Рашиќ, бил претепан вчера во дворот на средното училиште во Лапље Село во близина на Грачаница, откако завршил со часовите и го напуштил училиштето, потврди Рашиќ.

Никола Рашиќ, син на Ненад Рашиќ, бил претепан од неколку лица.

„Тој беше претепан, здравствената состојба на момчето е добра“, изјави Рашиќ за медиумите во Приштина, пренесува „Косово онлајн“.

Косовската полиција соопшти дека привела осум лица како осомничени, од кои едно е малолетничко.

„Продолжуваме да работиме на расветлување на околностите и мотивите на инцидентот“, соопшти косовската полиција.

Младиот човек моментално е во болница, потврди и косовската полиција.

Во изјава за приштинските медиуми, Ненад Рашиќ изјави дека неговиот син бил претепан со метални предмети и дека се здобил со сериозни повреди на лицето и главата и дека му се скршени забите, пренесува „Коссев“.