Регистрирани 51 новозаразени со Ковид-19, деветмина починале

0
55

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 755 тестирања, а регистрирани се 51 нов случаj со Ковид-19, од кои во Скопје – 25, Прилеп – 9, Кавадарци – 7, Струмица и Струга – по 2, Куманово, Штип, Велес, Кочани, Кичево и Делчево – по еден.

 

Пријавени се вкупно девет починати пациенти. Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Институтот за јавно здравје регистрира 308 оздравени пациенти.