Снежна бура погоди дел од Европа, некои градови се целосно парализирани

0
76

оландија денеска беше погодена од првата голема снежна бура во последните 10 години, што го наруши железничкиот и патниот сообраќај, а студениот бран продолжува да се движи кон другите делови на северна европа.

Временските непогоди во Холандија се дотолку големи што холандската влада одлучи да ги затвори сите центри за тестирање на коронавирус на неколку дена.

Холандската метеоролошка агенција издаде црвен аларм во целата земја, предупредувајќи на ветрови што ќе дуваат со брзина до 90 километри на час.

Германската железница најави дека се очекуваат големи проблеми во јавниот сообраќај,а големата снежна бура вчера предизвика сообраќаен хаос во делови од германија. Полицијата и пожарникарите имаа огромен број интервенции, мораше да бидат затворени замрзнати автопати, а возовите делумно не можеа да сообраќаат поради замрзнати електрични кабли.