СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО МОСКВА – ЗА ЕДЕН ДЕН ПАДНА СНЕГ -Повеќе од една третина од месечните врнежи

0
77

Снежно невреме ја погоди Москва, заради што повеќе од 60.000 комуналци и 13.500 возила со специјална опрема ги чистат улиците низ градот.

На овој начин комуналните служби во Москва се обидуваат да спречат колапс што може да се случи, бидејќи се очекува до денеска да паднат повеќе од 35 сантиметри снег, а висината на снежната покривка до понеделник да биде повеќе од половина метар.

Улиците се завеани, комуналните служби постојано работат, а сообраќајот се одвива бавно и отежнато.