Со нож ја избодел мајка си, поднесено обвинение против скопјанец

0
95

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против лице на возраст од 34 години, кое се товари за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

 

-На 1 февруари во вечерните часови, по претходна вербална расправија, во дворот на семејната куќа на улицата „Ѓорги Крапчев“, обвинетиот извршил семејно насилство и телесно ја повредил сопствената мајка, нанесувајќи и убод од нож во пределот на абдоменот. Имајќи предвид дека осомничениот и претходно го имал сторено истото кривично дело за што се водат и други кривични постапки, фактот дека има и други поплаки од неговата мајка и опасноста тој да се даде во бегство, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице., информираат од Обвинителството.