Средношколците и МОН пред конечен договор за државната матура

0
52

 

Доближивање на ставовите има, но се уште нема конечен договор меѓу Сојузот на средношколци и МОН иако вчера двете страни објавија дека постигнале компромис за полагањето на државна матура, по едномесечен бојкот на матурантите

Тој предвидува полагање на два екстерни и два интерни испити, со тоа што третиот предмет ќе се трансформира во практичен испит.

Лидерот на Сојузот, Бленди Ходаи за Канал 5 вели дека Моделот за полагање на матура е само првиот дел од проблмеот, но тие имаат уште три барања, од кои ќе зависи прифаќањето на решението.

„Уште разговараме со Државниот испитен центар и кабинетот на премиерот. Задоволни сме што и МОН поддржа компромис. Очекуваме разговорите да продолжат вечерва, по што ќе се знаат сите детали“, брифира Бленди Ходаи – Сојуз на средношколци.

Трите услови кои Сојузот на средношколци ги постави до Владата се:

1.Да се формира работна група од нивни претставници и Државниот испитен центар и со неа да претседава претставник од Кабинетот на премиерот.

2.Професорите да им делат материјали за интерните испити на своите ученици најмалку три недели пред денот на полагањето.

3.Екстерните предмети да нoсат максимални 20 поени (наместо 30 како што е сега), интерните предмети максимални 16 поени, а проектната задача да носи четири поени.

Иако цврсто стоеја на својот став дека нема отстапки, МОН и Царовска го прифатија договореното решение за државната матура.

– Матурскиот одбор ќе ги разгледа сите прашања кои произлегуваат од предложените услови, по што ќе се воспостави методологијата за полагање на државната матура. Овој модел на полагање на државна матура бил веќе применуван во нашата држава од учебната 2007/2008 до учебната 2012/2013 година, велат од МОН.