Таравари ја појасни изјавата „со ѓаволот правиме коалиција со ДУИ не“

0
97

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во емисијата Клик Плус ја појасни својата изјава каде што рече дека „со ѓаволот коалицираме, со ДУИ не“.

 

Тој изјави дека го искористил ова во форма на метафора, бидејќи како што рече, Алијансата за Албанците имале горко искуство со ДУИ во управувањето.

 

„Тоа значи дека се можни сите комбинаторики, освен со ДУИ. „Сакав да го кажам тоа“, рече Таравари.