Три лица се уапсени затоа што запалиле автомобил на полициски инспектор

0
78

Министерството за внатрешни работи соопштI дека полицијата од Беровскиот регион лишила од слобода три лица осомничени дека учествувале во палењето на автомобил, имот на полициски инспектор во Берово, пренесува Алсат.

ОД, Б.К. и С.П., сите од Берово, биле лишени од слобода, поради палење на автомобил од типот „Пасат“, сопственост на Г.П од Берово на улицата „Младенски Кеј“, за кој било пријавено на 12.02.2021 година ., околу 02:00 часот, истакнаа од Министерството за внатрешни работи.

Полицијата по наредба на Судот спроведе упади во домовите на осомничените.

„Со нив беше извршен разговор, при што лицата признаа дека кривичното дело го сторил С.П од Берово“, се вели во известувањето на МВР.

Се додава дека по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за повреда на член 292 од Кривичниот законик.