УТРЕ ПОНИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ ОД ЖОЛТА ФАЗА ВО ЦЕЛАТА ДРЖАВА, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО СО ПРЕПОРАКИ ДО НАСЕЛЕНИЕТО

0
137

Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство по добиената најава од Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на утрешниот ден (16.02.2021, вторник) целата територија на државата ќе биде зафатена со пониски температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза.

На целото население се препорачува да се посвети внимание на заштита на здравјето, особено носење топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз, почеста консумација топли напитоци, избегнување алкохол, бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија, како и редовно земање на пропишаната терапија кај хронично болните, а во случај на потешкотии со дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

Воедно, се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини.

Комисијата при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата низ целата држава и јавноста соодветно ќе биде информирана.