Утре протестен марш: Сексуалното вознемирување преку интернет да се регулира со Кривичниот законик

0
74

Маршот ќе се одржи на 3 февруари 2021 година (среда), со почеток во 14.30 часот пред Министерството за внатрешни работи, преку бул. Јордан Мијалков, бул. Кочо Рацин, Кеј Димитар Влахов и ќе заврши пред Основното јавно обвинителство. И на двете локации ќе се обратиме до јавноста и институциите, а ги охрабруваме и жртвите на „Јавна соба“, доколку се подготвени, да ја искористат оваа шанса за да проговорат и побараат правда“, информираат од Платформата за родова еднаквост.

Од таму велат дека целосното разрешување на овој случај е шанса за институциите да покажат дека и во пракса се залагаат за женските права.

Нивните барања се следни:

„Бараме од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“, кој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство, бараме соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени, бараме и инсистираме сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик, бараме соодветна грижа за жртвите од надлежните институции“.

На маршот ќе се почитуваат сите здравствени протоколи за превенција од ковид-19.