Филипче му се заблагодарува на Заев за донацијата од 12.500 евра

0
61

Министерот за здравство Венко Филипче преку објава на Фејсбук му се заблагодари на премиерот Зоран Заев за донацијата од 12.500 евра на Фондот за солидарност.

„Во мое име, во име на Министерството за здравство и сите оние кои се на првата линија во борбата против Ковид-19, му благодарам на премиерот Зоран Заев за личното учество во оваа заедничка акција“, напиша Филипче.