Филипче објави дека вакцините пристигнуваат

0
61

КОВАКС механизмот, преку допис, нé информираше дека првата вакцина која преку овој механизам ќе пристигне во нашата земја, е вакцината AstraZeneca. Испораката на 35% од предвидените 175.200 дози од оваа вакцина ќе се реализира во март, а остатокот до средината на годината. Системот за вакцинација е целосно подготвен да ги прими количините на вакцините преку КОВАКС механизмот, но истовремено обезбедува вакцини и од други производители и преку други механизми. Нашата земја има развиена безбедена и сигурна логистичка поддршка за прием, складирање и дистрибуција на вакцините до вакциналните пунктови каде што ќе се спроведува вакцинацијата, соопшти министерот за здравство Венко Филипче