Флорин Бесими со најголема подршка, актуелната градоначалничка Теута Арифи втора, еве како стојат другите кандидати!

0
117

Во онлајн анкетата, организирана преку специјална апликација на порталот ФОЛ, на прашањето кој според вас треба да ја води трката за градоначалник на Тетово од редовите на ДУИ, излегува дека најпосакувана фигура во оваа анкета е сегашниот претседател на огранокот на Тетово, Флорин Бесими.

Од вкупно 453 гласачи кои гласале во рок од 12 часа Флорин Бесими ужива најголема поддршка од граѓаните, односно следбениците на порталот ФОЛ со подршка од  34%, а сегашната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, ужива поддршка од само 23,62% 

 Ибрахим Дехари и сегашниот ректор на Универзитетот во Тетово, Вулнет Ахмети, кој е на крајот од мандатот, не стојат толку добро во спроведената анкета од ФОЛ.

За Ибрахим Дехари, 10,82% од испитаниците дале поддршка, додека за ректорот, Ваулнет Амети, само 9,27% од испитаниците.

Исто така, треба да се спомене дека значителен број испитаници 22,3%, немаат симпатии за споменатите кандидати или имаат други преференции.

Инаку, следните локални избори – редовни, треба да се одржат во октомври, кога мандатот на сегашните градоначалници завршува законски.  фол.мк