Хаос во Ченто: Пукале и ограбиле обложувачница, бегајќи направиле судир

0
61

На 21.02.2021 околу 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Јужноморавски Бригади” две лица со закана одзеле пари и при  излегување од објектот испукале еден куршум.

Според пријавеното, тие заминале со патничко возило „форд фиеста”, со скопски регистарски ознаки, и на ул.„Фуштанска” удриле во патничко возило „мицубиши”, по што го оставиле нивното возило и побегнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.