Хибриден и корумпиран режим е кога 16 лица ќе загинат кај Ласкарци, а дури и по 2 години нема разрешница ниту правда

0
69

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека ниту две години по несреќата со излетаниот автобус кај Ласкарци, роднините на жртвите се уште чекаат судска разрешница за загинувањето на нивните блиски

Велеа дека ќе дишат во врат на неправдата, а две години нема разрешница за 16 загубени животи.

 

Хибриден и корумпиран режим е кога 16 лица ќе загинат кај Ласкарци, а дури и по 2 години нема разрешница ниту правда.

 

СДСМ откако дојде на власт разрешница нема за ниту еден криминален случај. СДСМ и Зоран Заев откако се на власт правдата умре, а криминалот стана секојдневие во Македонија.

 

Поради вакви неразрешени криминални дејствија и корупција Македонија се рангира според „Транспаренси Интернешнл“ на 111-то место, а според реномираниот „Економист“ државата е хибриден режим.

 

Додека Зоран Заев е на власт разрешница ниту за трагедијата од пред две години во Ласкарци ќе нема. Зоран Заев треба поскоро да си замине од власт, и правдата да завладее во Македонија – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.