ЦРНА ГОРА ПОД ПОЛИЦИСКИ ЧАС

0
86

Полициски час од 21 часот до 5 часот наутро и забрана за меѓуградски сообраќај во текот на викендот, повторно се воведува во Црна Гора. Според новите мерки на Министерството за здравство, угостителските објекти ќе бидат отворени до 18 часот. Во Будва и Тиват, каде епидемиолошката состојба е посложена, се забрануваат јавни собири на отворено и на затворено, а угостителските објекти нема да работат, како и компаниите што се занимаваат со непрехранбени производи.Во овие општини, , се прекинува работата во образовните институции – градинки, училишта, факултети, и се преминува на онлајн настава.

Министерката за здравство, Јелена Боровиниќ Бојовиќ, додаде дека најавените мерки ќе важат во наредните денови, со можност за продолжување.