Чешка ќе бара Германија да прима нивни пациенти, болниците се преполни

0
47

Чешките оддели за интензивна нега го достигнаа максимумот на капацитетот, објави денеска министерството за здравство.

Чешка е на светскиот врв кога станува збор за новозаразени на 100.000 жители, во текот на 14 дена, а втора на свет по Словачка по стапката на смртност, според податоците на АФП.

Владата, која успеа да го сузбие ширењето на вирусот во првиот бран пролетта лани, сега се бори со нов бран на епидемијата од Ковид-19.

Интензивната нега на праг до максимален капацитет

„На прагот сме да ни снема капацитет во интензивните одделенија“, рече пред новинарите заменик-министерот за здравство Владимир Черни, изразувајќи жалење пред се поради недоволно квалификуваните здравствени работници.

„Во никој случај не можеме да да ги задржиме актуелните норми на здравствена заштита, доаѓа до успорување и одлагање во грижата за други болести. Целиот систем е близу своите лимити“, додава тој.

Чешка има 10.7 милиони жители, а во вторникот имаше 1.300 пациенти заболени од Ковид-19 на интензивна нега, од кои 660 на респиратори, и поголем број на реанимација, вели Черни.

Земјата пријави повеќе од 1.160.000 заразени и повеќе од 19.500 починати од почетокот на пандемијата.

Ќе бара од Германија да прими нивни пациенти

Според заменикот-министер, владата би требало да побара од Германија да прими чешки пациенти, во прв ред од тешко погодените региони на западот на земјата.

Пред две недели министерот за здравство Јан Блатни беше критикуван затоа што ја одби германската понуда да се растовари преполната болница во Чебо, на крајниот запад на земјата.

Владата им нареди на граѓните да носат само FFP2 маски или подобро, две обични маски една преку друга, во јавни простори, маркети, јавен превоз и друго, до следниот четврток.

Од почетокот на месецот во изолација се три силно погодени окрузи.

Рестораните, кината, театрите и големите маркети се затворени како и училиштата, освен градинките и две први одделенија од основното образование

Независен весник