Шврговски: Казната за Мијалков е драконска

0
68

Затврската казна за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков е драконска, изјави еден од неговите адвокати, Љупчо Шврговски по објавувањето на пресудата за масовното прислушување за кое Мијалков беше осуден на 12 години затвор и му беше определен затворски, наместо куќен притвор.

 

-Казната е драконска. Да се даде максимум за секое поединечно кривично дело каде е поднесен обвинителен предлог е правен преседан. Нема да најдете ниту една ниту една пресуда во аналите на правосудството каде за обвинителен предлог е дадена максимална казна затвор, рече Шврговски