11 милиони евра тежи програмата на Министерството за култура за финансирање проекти

0
54

На Конкурсот пристигнале вкупно 6352 апликации, што е рекорден број досега.

Еден милион евра ќе добијат 491 издавачи од литературата, а за музички фестивали ќе се одвојат над 300.000 евра. Најмногу добива „Скопскиот џез-фестивал“ околу 50 илјади евра, од 30 до 35 илјади евра одат кај „Д фестивал“, „Офф фест“, Сцена на албанска музика“, „Таксират“, “Тhe park festival 3” и други…

За театарски пратстави ќе се одвојат над 1,1 милион евра, од кои 300.000 евра ќе бидат за независни корисници. Со нив планирано е да се реалзиираат 130 претстави.

Министерката Ирена Стефоска вели дека и покрај притисоците кои ги имале, членовите на комисиите направиле квалитетен и праведен избор на проекти.

Таа е разочарана што дел од апликантите побарале непристојно големи суми, а дел од корисниците се обидувале да го изиграат конкурсот.

„На разни начини се протнуваат низ дупките во системот. На пример, еднаш се појавуваат како автори, друг пат како уредници, па како консултанти, учесници во манифестација, членови на жири комисии. Едноставно кажано, исти лица си конкурираат сами на себе. Со тоа Конкурсот ја изгубил смислата на натпревар. Неретки се и оние кои аплицираат со „копи-пејст“ проекти, односно со проекти за кои веќе биле поддржани изминатите години, рече Стефоска.

За реакциите во јавноста поради доцнењето на исплатата на средства за ланскиот конкурс, министерката за култура побара трпение и уверува дека ќе бидат исплатени до последен денар.

Учесниците на Конкурсот можат да поднесат жалба против добиеното решение во рок од 15 дена од денот на приемот на решението до Државната комисија за одлучување во управна постапка.