18 – годишна ТикТок ѕвезда си го одзема животот: На Инстаграм посочи дека тоа е нејзина последна објава

0
196

Инфлуенсерката Дажарија Квинт Нојс, која ја следеа 1,4 милиони луѓе на социјалната мрежа ТикТок, изврши самоубиство откако на Инстаграм објави дека „ова е нејзината последна објава“.

Родителите потврдија дека младата интернет sвезда од едно место во Луизијана си го одзела животот.

„Срцето ми е скршено, не ми се верува дека те нема. Само чекам да ми кажеш дека беше шега, но не е. Да умрев наместо тебе“ – напиша нејзината мајка Џенифер на Фејсбук