Јанчев: Попис треба да има, но летен период тоа тешко ќе се изведе

0
58

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кажа дека попис мора да биде нарпавен, и дека најидеално е пред летото, бидејќи после летно време тешко се изведува, а есента доаѓаат избори.

Јанчев ова го кажа во дебатата на ТВ21 на „Клик Плус“ на која учествува заедно со градоналачникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Дека попис ни е неопходен, тоа е повеќе од јасно. Замислете 20 години да немаме попис, тоа е катастрофа. Ако доаѓате од бизнис секторот, имате попис секоја година или месец, и замислете држава да не си го попише сопственото население. Тоа се неколку генерации, рече Јанчев