56 случаи со британски вирус во државата,. во меѓувреме расте бројот на заразени и починати од КОВИД 19

0
58

ИЈЗ во Северна Македонија објави дека во периодот од 1 до 7 февруари биле земени 649 материјали за присуство на британскиот коронавирус во три лаборатории во земјата. Од материјалите, 56 се позитивни на британскиот вирус.

Како што е соопштено, овој вид на вирус е присутен во 8 градови, додека повеќе случаи се регистрирани во Охрид – 25, во Прилеп – 10 и Кавадарци има 4 случаи.

,Во последниот период се откриени повеќе случаи на нови варијанти, кои претходно не биле откриени кај пациенти во нашата земја, што според ИЈЗ, зборува за трансфер на нови варијанти на КОВИД- 19 од странски земји.

Според неделниот извештај на ИЈЗ, за периодот од 1 до 7 февруари, биле регистрирани 2.120 нови случаи на КОВИД-19 во 34 градови во земјата, што е исто така зголемување од 4,1% во споредба со претходната недела.

Регистрирани се пациенти од сите возрасни групи. Повеќе на возраст над 60 години – 568 или 26,8%. Возрасна група од 30 до 39 години – 422 или 19,9%, возраст од 50 до 59 години – 381 или 18%, 40 – 49 години 358 или 16,9% и 20 до 29 години – 257 или 12,1%. Мал број на нови случаи се забележани кај деца од 0 до 9 години – 40 или 1,9% и оние на возраст од 10 до 19 години – 94 или 4,4%.

Бројот на излекувани во овој период се зголемува за 11,6% во споредба со минатата недела. Станува збор за 3.322 излекувани пациенти.