Дијаспората може да се регистрира до 30 септември

Според лидерите Христијан Мицкоски и Зоран Заев со одложувањето на пописот ќе се продолжи рокот за регистрација на дијаспората.

Со одлуката донесена денес на состанокот меѓу двајцата лидери, пописот ќе се спроведе од 5 до 30 септември, додека дијаспората, наместо до 21 април, ќе може да се регистрира на веб-страницата census.stat.gov. Mk до 30 септември.

За овие измени на рокови ќе започне изготвувањето законски измени, кои според премиерот Зоран Заев, ќе започнат денес.