Маж кривично ќе одговара за пренесување заразна болест

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.А.(51) од с.Селце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. Пријавениот Р.А. постапил спротивно на издадено решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат за домашна изолација.