Мицкоски: Денешните 1.511 новозаразени се срам и јад на Владата

0
69

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил посочува дека денешните бројки на новозаразени и починати лица од ковид-19 се срам и јад на Владата кој не се мие.

„Денес 1.511 новозаразени од #COVID. 32 починати. Ова, освен што е катастрофа за која е одговорна Владата, е нивен срам и јад кој не се мие. Со животи и здравје се плаќа неспособноста на Владата. Наместо по вакцини, трчаа по провизии и затоа ова е резултатот. Во меѓувреме, крадењето продолжи како и вообичаено. Срам и брука!“, пишува Мицкоски.