Наскоро почнува да се гради првиот хотел во вселената (ВИДЕО)

За неколку години треба да започне изградбата на првиот хотел во вселената, кој што треба да има ресторани, кина и сместување за 400 гости

Орбиталната корпорација (OAC) и Фондацијата Гејтвеј имаат големи планови за проектот наречен Voyager Station, што го најавиле уште во 2019 година. Тие планираат да започнат со градба во ниската орбита околу Земјата во 2025 година.

Иако досега не се разјаснети многу детали, како што се трошоците за изградба, како и сместувањето таму, ОАЦ посочува дека користењето ракети што може да се користат повеќепати, како „ Falcona 9 “, од „ SpaceX “ на Маск, , ќе помогне да се одржат трошоците релативно ниски.

Џон Блинков ја формирал АОЦ во 2012 година, а Дејли Меил ја цитира неговата изјава дека тоа ќе биде следната индустриска револуција. Фондацијата Гејтвеј, пак, на својата веб-страница пишува дека Voyager Station ќе биде еден од „основните први чекори во колонизацијата на универзумот и другите светови“.

,,Максим” известува дека ОАЦ е официјално отворен за приватни инвеститори, кои до 1 април можат да купат удел во компанијата за 0,25 долари за акција.