Нема посебни графи, секој може да се попише како сака, тврди статистика по барањата од бугарските здруженија

Министерот за надворешни Бујар Османи ги советува бугарските здруженија да побараат одделна графа за пописот во земјава.

„Покрај колективните права на поголемите заедници, постојат функционални механизми за заштита и на помалите етнички заедници. Во оваа смисла, никој не смее да ги загрозува правата на бугарскјата заедница во земјавата и нивната посебност. Напротив, граѓанските организации треба да бидат охрабрени да соработуваат со властите и да бидат внесени во сите механизми за остварување на своите колективни права“, напиша Османи на фејсбук.

Според формуларот за попис, графата за етничка припадност постои но таа е празна.. Пополнувањето се прави со впишување на првите три букви на припадноста по што се појавува листата со етнички припадности кои се деткетирани со досегашните пописи на населението.

Ова го потврдува и првиот човек на Статистика кој по барањето на Османи за воведување посебна графа за бугарските здруженија порача дека таа стои празна и секој може да се изјасни за својата национална припадност. Апликацијата дозволува изјаснување и како марсовец.

„Во кодексот на шифри се ставени  се што она постои како сознание дека некогаш во оваа држава некој се изјаснил за некаква етничка припадност, стои во тој кодекс, но и да не постои ќе добие своја шифра. Во светот има повеќе од 2 илјади етнички заедници и не можеме да ги предвидиме сите. Дури и нешто што е невозможно, еве да одиме на оној најбаналниот случај, да се изјасни некој како марсовец и како таков ќе се запише и ќе добие свој код“, вели Апостол Симовски, Директор на Државен завод за статистика.

Барањето на Османи за посебна графа следи откако дел од здруженијата на бугари во земјава се пожалија дека во пресрет на пописот имале потешкотии за слободно и демократско изразување. Бараат и копија од пописниот материјал за граѓаните кои ќе се изјаснат како бугари за да им служела за полесно добивање бугарско државјанство.

Од Статистика велат дека не може да се издаде таква потврда бидејќи тоа биле лични податоци.

Сител Телевизија