Дома Вести Свет Прва снимка од терористичкиот напад: Избодени најмалку 8 лица во Шведска (ВИДЕО

Прва снимка од терористичкиот напад: Избодени најмалку 8 лица во Шведска (ВИДЕО

Шведската полиција врши истрага за нападот со нож кој попладнево се случи во градот Вентланд, во јужниот дел од земјата, при што биле избодени најмалку осум лица.

Полицијата наведува дека е можно да станува збор за терористички напад. Засега не е потврден ниту еден смртен случај, а едно лице се наоѓа во притвор.

Полицијата соопшти дека момче на околу 20-годишна возраст почнало да ги напаѓа со нож луѓето околу себе околу 15 часот, по што безбедносните сили отвориле оган и го раниле во нога. Напаѓачот е пренесен в болница. Некои од жртвите се полесно, а некои се потешко повредени.

Мотивот за нападот се уште не е познат, но полицијата засега го третира како терористички. Моментно ситуацијата е под контрола.  (МИА)