Прелетал преку попречните столбови, лентата за велосипеди и патеката за пешаци: Автомобил се заби во дрво на „Партизанска“ (ФОТО)

На социјалните мрежи се објави фотографија на која се гледа како автомобил се забил во дрво пред Лептокарија во Карпош 3, непосредно пред Скопје Сити Мол.

Она што се знае досега е дека несреќата се случила вчеравечер на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, од она што се забележува на фотографиите јасно е дека автомобилот прелетал преку попречните столбови, лентата за велосипеди и патеката за пешаци и се забил во дрво.

Засега нема информации дали е некој повреден во сообраќајката.