Пренџов: Со одложувањето на пописот Заев конечно сфати дека не може да ги тера работите како што тој сака

Пратеникот во Собранието Љупчо Пренџов, во своето гостување во емисијата „Неделен брифинг“ зборуваше за вчерашното одложување на пописот, каде посочи дека премиерот конечно сфати дека не може да ги тера работите како што тој сака затоа што одговорноста за тоа како ќе се развива државата зависи од извршната власт.

-Она што се случи вчера во рамки на клубот на пратениците едноставно се случи , суетата која што кај премиерот беше видлива изминатиот период да не речам до недела, едноставно сфати дека работите не може да ги тера така, бидејќи одговорноста за тоа како се развива една држава на сите полиња ја има извршната власт односно парламентарното мнозинство кое ја поддржува таа власт. Тие сфатија дека не можат со 62 пратеници да се однесуваат кои најчесто ги немаат во рамките на Собранието како да имаат 81 пратеник или дво-третинско мнозинство. Особено ме радува тоа што вчерашниот ден и деновите кои следуваат победуваат граѓаните на Република Македонија затоа што ние се наоѓаме во една комплицирана и тешка ситуација, не е само пандемијата, пандемијата е број 1 тоа е несоменено, се губат многу човечки животи, рекордери сме по број на заразени, за жал држиме рекорд и по број на починати. Едноставно системот не одговара соодветно на предизвиците и тој дел навистина е негативен за нас.Исто така има и економска криза во државата, колку и да премиерот кажува дека блескаме ние ни оддалеку не блескаме, така што Република Македонија се наоѓа во една многу деликатна состојба, рече Пренџов.

Пратеникот Пренџов во своето гостување во врска со пописот посочи дека добро е што се одложува пописот затоа што секојдневно излегуваа афери и маани во самиот тој процес.

-Добро е што се одложува пописот затоа што бројките покажуваат дека тоа можеше да се случи. Претпоставувам дека ќе имаме време, ќе имаме дополните разговори за негово подобрување бидејќи излегуваат афери и маани на процесот секојдневно, така што јас очекувам да она кое секојдневно го зборувам во рамки на Собранието, а тоа е оние луѓе кои одлучуваат, оние кои ја креираат политиката во Република Македонија да почнат да мислам за сопствениот народ, а помалку за опстанокот за владата и помалку за колку долго ќе седат во нивните фотелји, додаде тој.

Во врска со одложување на пописот кажа дека денеска од Владата не бил стасан законот за попис со кој би се одложил пописот.