Собранието почна да заседава, но не со нова седница за која е потребен 61 пратеник

Собранието има кворум, проблемот е во пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои не закажуваат комисии кои се неопходни пред одржување на пленарните седници,  вака денеска СДСМ го објаснува застојот во работата на Парламентот.

Владејачкото мнозинство денеска во полн состав во салата, а откако ќе се завршат започнатите седници од октомври и ноември, наредните денови ќе бидат закажани и нови, рече координаторот на пратеничката група Јован Митрески.

Собранието денеска продолжи со работа, но по веќе закажаните седници, а не со прекинатата пред две недели..Ова за ВМРО-ДПМНЕ е уште еден доказ дека владејчкото мнзоинство и понатаму има проблем со кворумот.

Пратениците од опозицијата немаат обврска да прават кворум на мнозинството за да одржуваат седници, одговорија денеска и од Алијанса за Албанците. И нивниот став е дека ваквото темпо на Собранието нема да донесе резултати, што е причина плус за нови избори или техничка Влада.

Нефункционалноста на Собранието е тема за која подолг период власта и опозоцијата се обвинуваат меѓу себе. Причината зошто нема кворум од 61 пратеник на седниците според многумина од нив, се внатрепартиските проблеми на раководството на ДУИ. Од партијата на Ахмети ги негираат овие тврдења, а денеска дојдоа и на продолженијата на седниците за кои не е потребно мнозинството.