Фридом Хаус: Владата напредува со граѓанската слобода и независните медиуми

Во Извештајот на Фридом Хаус за слободата во светот се наведува дека е забележан прогрес во поддршката на граѓанското општество со констатација дека дел од граѓанските организации кои застапуваат човекови права укажуваат на притисок врз нивното работење од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните поддржувачи. Извештајот констатира дека делувањето на граѓанските организации е слободнa и безбеднa со сериозни промени за разлика од периодот до 2017 година.

Ова е една од повеќето констатации врз кои Фридом Хаус го дефинира своето мислење дека во Северна Македонија демократијата напредувала. Затоа и генералната оценка на најновиот извештај на Фридом Хаус е дека Владата на повторно избраниот премиер Зоран Заев направила пресврт во однос на повеќе годишното претходно уназадување на демократијата, и дека сериозно прашање за државата е тоа што ЕУ не го одржа ветеното дека земјата ќе го започне процесот на преговори на крајот од 2020 година. Уште една позитивна оценка Владата има и за подобрување на состојбата со медиумите, со оглед дека расте бројот на критички и независни медиуми особено на онлајн платформите. Во извештајот е наведено дека и понатаму некои медиуми се под влијание на политички и бизнис центри. Во однос пак, на реформите во правосудството, сугерираат дека е потребно да продолжи практикувањето на законските можности за зајакнување на независноста на судството. Годинашната оценка за државата е 66 од можни сто поени, што е за три поени напредок од лани. Последните три години Северна Македонија во сите извештати за нивото на слобода и демократија бележи позитивен напредок. Фридом Хаус својот став го поткрепува со поединечни позитивни оценки за неколку сектори