Црни превидувања на германски министер: Стигнува „супер-сој

Германскиот министер без ресор Хелгер Браун предупредува на опасноста од „супер0сој“, кој би можел да биде имун на вакцините против корона вирус.

Браун, кој е лекар по струка, во интервју за „Билд“ оцени дека Германија во моментот се наоѓа во најопасната фаза од пандемијата.

„Сите грижи за жал, се остварија. Третиот бран има потенцијал да биде полош од првиот, затоа што е предизвикан со поинфективна мутација. Следната недела одлучуваат дали ќе можеме наскоро да ја ставиме пандемијата под контрола. Ако сега, паралелно со вакцинирањето, расте бројот на зарази, расте и опасноста дека следната мутација ќе биде имуна против вакцините“, објасни тој.

Со рано попуштање намерките би можело да се загрози нормалното лето.

Браун очекува дека ситуацијата ќе се подобри во мај, со напредокот на вакцинацијата и почетокот на топлото време.