Автомобил излетал од патот кај село Зајас- четири лица повредени од кои две малолетни

0
56

Автомобил излетал од патот кај село Зајас, по што четири лица, од кои двајца малолетници биле повредени.

-На 07.03.2021 во 23.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека на локалниот пат с.Зајас – место викано „Теќе“, кичевско, патничко моторно возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(24) од с.Зајас излетало од коловозот, вечлат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Ф.(35) од с.Зајас, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници- малолетници, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.