Албин Курти ги повика иселениците Албанци од С Македонија да се пријават на пописот

0
32

Кандидатот за косовски премиер, Албин Курти, преку видео на социјалните мрежи ја повика албанската дијаспора од Северна Македонија да се регистрира на пописот

 

„Бидејќи дури и со сегашниот Устав, политичките права на граѓаните во Северна Македонија се диктирани и произлегуваат од бројките, регистрацијата на секој граѓанин е исклучително важна. Ова значи дека во политичката застапеност, капиталните инвестиции, вработувањето, распределбата на буџетот, субвенциите за земјоделците, стипендиите за ученици и студенти, донациите за општините и слично зависат точно од бројот на граѓани на двете државно-формирачки заедници на Северна Македонија. Напишете го вашето име таму и кликнете на опцијата: албански “, рече меѓу другото Курти.