Алтернатива: Онлајн пописот не функционира, расте сомнежот за манипулации

0
49

„Од нашите сознанија од дијаспората, голем број од тие граѓани што сакале да се регистрират денеска онлајн, се соочуват со проблеми при регистрацијата. Техничките проблеми, враќање неколку пати во почеток на постапката за регистрација, не прифаќање на матичниот број и ред други проблеми, освен што предизвикуваат голем револт кај албанската дијаспора, создаваат и сомневање за манипулација со пописот”, реагира опозициската партија Алтернатива.

Имајќи ја предвид оваа ситуација, како што се вели во соопштението, Алтернатива апелира до Државниот завод за статистика и до Владата веднаш да се одстранат сите технички пречки за онлајн регирстацијата и до тогаш да се пролонгира пописот.

„Ако и по сѐ оваа Влада не превземе ништо, можеме да заклучиме дека пописот е целосно политички манипулиран”, се вели во соопштението на Алтернатива.