АНКЕТА: 63,4 проценти од граѓаните мислат дека постои цврст договор меѓу Заев и Мијалков

0
68

Високи 63,4 проценти од граѓаните кои биле анкетирани од Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА веруваат дека постои цврт договор меѓу Зоран Заев и Сашо Мијалков. Половина од овој процент сметаат дека нема договор. За бегството на Мијалков граѓаните одговорноста ја гледаат во министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Анкетата е спроведена телефонски во период од 26.02.2021 – 28.02.2021 врз 929 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. Од Институтот велат дека при анализата опфатени се сите изборни единици.