Апасиев се „здружи“ со ВМРО-НП, Демократски сојуз и ЛДП

0
86

Пратеници од Деморатскиот сојуз, Левица, ВМРО-НП и ЛДП во Собранието денеска поднесоа Предлог закон за измени и дополнувања на Изборниот законик, со кој се предвидува земјава да биде една изборна единица на следните парламентарни избори, наместо шесте изборни единици во коишто досега се бираа пратеници.

Иницијативата наедно има и поддршка од СДСМ, иако сепак од таму велат дека ќе инсистираат на консензус при донесувањето на овој Закон, односно тоа да биде прифатливо и за ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и коалицијата Алијанса/Алтернатива.

Меѓу четирите пратеници како претставници на овие партии беше и лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Медиумите му забележаа дека останатите три партии се дел од коалицијата на владеачкото мнозинство, но тој вели дека во ваква ситуација ќе се здружи со кој било кој го има истиот интерес.

– Левица е партија која безмалку имаше 40.000 гласови на минатите избори и сигурно останавме за тројва пратеници помалку поради тоа што нема една изборна единица. Во оваа ситуација за мене е прифатливо заеднички да настапувам со партии и од власта и од опозицијата, рече Апасиев.