Апел од Србија: Не доаѓајте на вакцинација ако претходно немате закажано термин

0
16

Директорот на Српската канцеларија за е-управа, Михаило Јовановиќ, ги повикал граѓаните на соседните земји, кои немаат закажано термин за вакцинација, да не доаѓаат во Србија, бидејќи нема да бидат вакцинирани.

Јовановиќ потсетил дека има договор меѓу стопанските комори во регионот за вакцинирање на бизнисмени, а сите што се пријавиле на тој начин и добиле термин преку порталот за е-управа, ќе бидат вакцинирани.