Арсовски: Убеден сум дека пописот нема да биде причина за пораст на бројот на заболени

0
14

Има голема доза на загриженост кај населението во однос на најавениот попис на населението во Македонија, кој ќе започне од почетокот на месец април.

Портпаролот на Владата, Душко Арсовски е убеден дека со пописот нема да порасне бројот на заразени од корона вирусот во земјава.

„Ве уверувам дека ќе бидат користени сите заштитни места. Сите мерки ќе бидат преземени. Нема простор за никаков ризик и убедени сме дека тоа го разбираат најголем дел од граѓаните“, истакна Арсовски.