Ахмети: Регистрацијата во дијаспората се движи во добар правец

0
47

Во врска со регистрацијата на дијаспората во Северна Македонија, лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети изјави дека таа добро се спроведува.

Според информациите што ги добил до пред 48 часа, досега се регистрирани 30 илјади граѓани.

„Според моите информации, пописот се одвива добро. Од информациите што ги имам од координаторот, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, до пред 48 часа беа регистрирани околу 30 илјади. Се обезбедуваат дневни информации за дијаспората за документацијата што тие треба да ја пополнат. Мислам дека сите екипи се одговорни за својата должност “, рече Ахмети.