БИХ ги доби првите 23.400 вакцини преку КОВАКС, до вечер уште 26.400 од првиот контингент

0
20

Првиот контингент вакцини против ковид-19, нарачан од Босна и Херцеговина (БиХ) преку механизмот КОВАКС, денеска пристигна на меѓународниот аеродром во Сараево. Станува збор за 23.400 дози вакцини од Фајзер.Бионтек, а во текот на денот се планира испорака на 26.400 дози вакцини од АстраЗенека, кои ќе пристигнат со авион од Истанбул, околу 20 часот, соопшти Министерството за цивилни работи на БиХ.

БиХ има нарачано 1,23 милиони дози преку овој механизам, за што плати 13 милиони долари и во наредниот период очекува да добие 26.000 вакцини на „АстраЗенека“.

„Немаме точен датум кога ќе стигнат останатите вакцини, но нова голема пратка очекуваме во април“, изјави министерката за цивилни работи Анкица Гудељевиќ.

Во изминатите 24 часа, во БиХ се регистрирани речиси 2.000 нови случаи на коронавирус, најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата, а 77 лица починале.